Утрински Весник
Свет

Вакцината „Новавакс“ е 89,3 отсто ефикасна

Вакцината „Новавакс“ е 89,3 отсто ефикасна

Новата вакцина „Новавакс“ се покажа како ефикасна 89,3 проценти во третата фаза на тестирање во Велика Британија, пренесува Би-би-си.

Вакцината се покажала како многу ефикасна и против новиот вид коронавирус регистриран во Велика Британија.

Велика Британија обезбеди 60 милиони дози од вакцината, што се произведува во градот Стоктон-он-Тис, на североистокот на Англија.

Вакцината се очекува да биде доставена во втората половина на годината, доколку е одобрена за употреба.

Велика Британија досега одобри три вакцини против коронавирус – на Оксфорд / Астразенека, на Фајзер / Бионтек и на Модерна.

Вакцината на американската компанија „Новавакс“ се дава во две дози. Во третата фаза од студијата учествувале повеќе од 15.000 луѓе на возраст од 15 до 84 години, а 27 проценти од нив биле постари од 65 години.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Унгарија го поддржува мировниот план на Кина за Украина

Нетанјаху: Ќе се бориме со нокти ако треба

Првата пратка помош до пловечкото пристаниште во близина на Газа го напушти Кипар