Утрински Весник
Македонија

Метеж од автомобили, на Попова Шапка нема место за паркирање

Метеж од автомобили, на Попова Шапка нема место за паркирање

Посетителите на ски-центарот Попова Шапка се соочуваат со недостиг на слободни паркинг-места, а директорот на „Елем турс“, Адем Авзиу, ги упатува кон паркингот кај хотелот „Славија“, кој вели дека има капацитет од 300 места.
„Во врска со паркингот веќе имав состанок пред два дена со градоначалничката на општина Тетово и со началникот на СВР Тетово. Се договоривме  што е можно повеќе да ги одржуваме паркинзите што ни се на располагање моментално, големиот паркинг доле и паркингот на хотелот ‘Попова Шапка’. Да се чистат патиштата за да можат да се паркираат уште еден ред автомобили. Исто така, веќе презедовме мерки и за  паркингот над хотелот ‘Славија’, кој е ставен во употреба, подготвен е, чист е и ги повикувам луѓето да се паркираат и на тој паркинг горе, кој има капацитет за минимум 300 автомобили“, рече Авзиу.

Според него, доколку се користи тој паркинг ќе се помогне кон пронаоѓање решение.

„Се договоривме со градоначалничката и началникот патот од влезот на ски-центарот што води кон куќичките да биде еднонасочен во време на сезона за да не се создава метеж. Ние оваа година планираме да инвестираме во делот на јавните тоалети во ски-центарот и ќе се обидеме да ги одржиме во кондиција актуелните ски-лифтови“, вели Авзиу.

Тој вели дека имаат добри идеи и планови како да се среди овој ски-центар за да изгледа светски.

„Таму каде што имаме потреба од нови инвестиции, ние веќе имаме планови, имаме стратегија, како што потенцираше и министерот, и нормално во зависност од  средствата што ги имаме на располагање ќе продолжиме во реализација на нашите проекти. Не се сомневам во поддршката на министерот, на Владата, особено во министрите од редовите на ДУИ“, вели Авзиу.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Макрон и честита на Сиљановска-Давкова на македонски јазик

Касами: Од понеделник почеток на преговорите за формирање влада

Костадиновска-Стојчевска: Од Мајските оперски вечери научивме дека културата прави чуда