Утрински Весник
Спорт

Лејкерси загубија од најслабиот тим сезонава, петти неуспех во низа за Мајами

Лејкерси загубија од најслабиот тим сезонава, петти неуспех во низа за Мајами

Кошаркарите на Детроит Пистонс го победија актуелниот НБА шампион ЛА Лејкерс со 107-92. Блејк Грифин го предводеше Детроит до победата со 23 поени, а на спротивната страна Леброн Џејмс уфрли 22 поени со 10 асистенции и 7 скока за 35 минути на паркетот.

Кузма имаше 22 поени со 10 скока, а кај Пистонси уште четворица беа над 14 поени на овој меч.

Синоќешната е само петта победа за Детроит во 19 меча.

Мајами Хит го врза петтиот неуспех во низа откако синоќа загуби и од Клиперси со 109-105.

Батум со 19 поени ги предводеше кошаркарите од ЛА до победата, а придонес имаа и Вилијамс со 17, односно Морис и Џексон со по 16 поени.

Хјустон беше подобар од Портланд со 104-101. Оладипо беше најефикасен кај победниците со 25 поени, а залудни беа 30-те поени на Лилард кај Треилблејзерси.

Феникс беше подобар од Голден Стејт со 114-93. Сонцата ги предводеше Бриџис со 20 поени, а Стеф Кари кај поразениот тим уфрли 27 поени со 4 асистенции и 4 скока.

> Лејкерси загубија од најслабиот тим сезонава, петти неуспех во низа за Мајами <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Натпреварот Вардар – Башкими заврши со тензии

ПМФЛ: Вардар го пречекува Башкими, Струга му гостува на Пелистер

Турскиот Самсунспор славеше против Шкендија во Скопје