Утрински Весник
Магазин

Џими Кимел ги повика холивудските ѕвезди да му го честитаат 50-тиот роденден на Гилермо

Џими Кимел ги повика холивудските ѕвезди да му го честитаат 50-тиот роденден на Гилермо

Џими Кимел ги повлече сите конци за да му посака среќен 50-ти роденден на својот близок пријател и колега а порано член на обезбедувањето, Гилермо Родригез.

Во видео што се емитуваше во средата вечерта во текот на неговото ток-шоу „Џими Кимел лајф“, 53-годишниот водител побара помош од 50 славни пријатели да испратат снимки во која му наздравуваат на Родригез со текила по повод роденденот.

Во составот на звездите беа Џорџ Клуни, Шарлиз Терон, Кортни Кокс, Џенифер Анистон, Мет Дејмон, па дури и Џон Фавро со Бејби Јода, и многу други. Тие сите пратија снимки со текила во чест на роденденот на Гилермо.

Првата селебрити-личност што му посака среќен роденден на Гилермо беше Шарлиз Терон, која рече „ќе дојдам во твојата куќа со две чаши, затоа што една птичка ми кажа дека ти е 50-ти“.

И Мајкл Б. Џордан му посака среќен роденден на Гилермо, додека Дуа Липа додаде: „Дното горе, среќен роденден Гилермо“. Реџина Кинг рече: „За тебе голем Г.“

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста