Утрински Весник
Македонија

Казнети 202 возачи во Скопје

Казнети 202 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 19 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 22 за користење на мобилен телефон.Изречени се седум санкции за непочитување на брзината на движење, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 мерки за непрописно паркирани возила и 20 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Томовски откри дека 104 службени возила со години скапувале на плац

Нов бран семејно насилство: Маж нападнал сопруга, син ја тепал мајка си

Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс – осудениот ќе плати 1.800 евра