Утрински Весник
Свет

(Видео) Протести и насилство во САД поради инаугурацијата на Бајден

(Видео) Протести и насилство во САД поради инаугурацијата на Бајден

Антивладините демонстранти во Портланд и Сиетл ги разбија канцелариите на Демократската партија и некои други објекти, за време на синоќешниот конфликт со полицијата, протестирајќи против инаугурацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Луѓе облечени во црно, со маски на лицето, ги искршија прозорците и вратите во канцеларијата на Демократската партија во Портланд, цртајќи симболи на анархија над грбот на демократите, објави „Ројтерс“.

„Не го сакаме Бајден. Сакаме да се одмаздиме за полициските убиства, империјалистичките војни, фашистичките масакри“, беше напишано на транспарентите што ги носеа со себе.

Осум лица беа уапсени во Портланд под сомнение за насилство и невнимателно палење, додека уште две лица беа уапсени во Сиетл – едното за напад, другото за уништување на имот, соопшти полицијата.

Пред да упаднат во канцеларијата на Демократската партија во Портланд, група од околу 150 лица се судри со полицијата.

Во Сиетл, полицијата нагласи дека неколку места во градот биле вандализирани.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Едно лице загина, 10 се повредени откако автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан

Во сабота, Исланд ќе гласа за повторно отворање на преговорите за членство во ЕУ

160 загинати и близу 1000 исчезнати по поплавите во Непал