Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 314 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот.
По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 34 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 27 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 54 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп – 35, во ковид-центарот во Гостивар – 19, а во Струга – 11 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 26 пациенти, во Кочани – 1 во Кичево – 13, во Кавадарци – 20, во Гевгелија – 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти што се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во земјата е 598 и има речиси 650 празни болнички кревети во ковид-центрите.
„Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, соопшти МЗ.