Утрински Весник
Свет

(Видео) Се разбуди Етна, најголемиот вулкан во Европа

(Видео) Се разбуди Етна, најголемиот вулкан во Европа

Се разбуди најголемиот и највисок активен вулкан во Европа, Етна, објавија италијанските медиуми.

Ерупцијата на лавата, проследена со облак пепел, кој достигнал висина од неколку стотици метри, беше спектакуларна, изјавија очевидци.

Вулканската пепел ги покрила автомобилите во селата на Сицилија. Локалните власти известија дека црн пепел бил пронајден и на места оддалечени дваесетина километри од Етна.

Ерупцијата била видлива и од градот Таормина, оддалечен педесетина километри.

Првиот запишан доказ за ерупцијата на Етна, вулкан висок 3.300 метри, датира од 425 година п.н.е., и иако ерупциите се чести, тие ретко предизвикуваат голема штета.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија е закана за Европа и светот, смета Унгарија

Зеленски го одликува Маск со украинскиот Орден на слободата

Обид за напад со напалм врз украинска фабрика за дронови во Словачка