Утрински Весник
Економија

Компаниите се ослободени од царинските давачки за една година

Компаниите се ослободени од царинските давачки за една година

Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија со цел да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија.

Предлог листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени од страна на Стопанската комора на Македонија по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија.

Со оваа одлука компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година, кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра, со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Божиновска: Продолжуваат мерките за ублажување на ценовните притисоци врз горивата

Сојузот на стопански комори не се согласува со кратење на празниците, предлага плаќање на вработените по час

ОКТА ја продолжува иницијативата за поддршка на пазарот со попуст од два денари по литар дизел гориво