Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Русија ќе ја регистрира третата вакцина против Ковид-19

Русија ќе ја регистрира третата вакцина против Ковид-19
Img 7972

Резултатите од клиничките испитувања на вакцината против коронавирус направени од Научниот центар Чумаков на Руската академија на науките се многу добри и може да се регистрира во наредните денови, изјави шефицата на Руската служба за санитарен надзор и контрола, Ана Попова.

Зборувајќи за состојбата со пандемијата, таа истакна дека нема причина да се каже дека вирусот ќе престане да циркулира, пренесува „Спутник“. Напротив, таа со висок степен на веројатност смета дека вирусот ќе остане со нас, дека ќе стане сезонски и дека ќе се појавува во сезона на епидемија, како вирус на грип.

Досега во Русија се регистрирани две вакцини против Ковид-19, вакцината „спутник 5“ на институтот „Гамалеј“ и вакцината на институтот „Вектор“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп слета во Израел (ВИДЕО)

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

„Тајмс оф Израел“: Ослободувањето на заложниците ќе започне помеѓу 4 и 6 часот наутро во понеделник