Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер прави чистка во екипата, пишува „Дејли мејл“.
Вчера „ѓаволите“ го продадоа Тимоти Фосу-Менса во Баер Леверкузен за 2 милиони евра, а во следните денови се очекува „Олд Трафорд“ да го напуштат Одион Игало, Маркус Рохо, Серхио Ромеро, Андреас Переира, Диого Далот и Фил Џонс.
Како што пишуваат медиумите на Островот, се работи за распродажба каква што досега не е забележана во Јунајтед.
Норвешкиот стратег се чини има поголема доверба од неговите претходници (тука не влегува легендарниот Сер Алекс Фергусон), па му е дозволено да прави резови кои смета дека се правилни.
> Чистка во Јунајтед, Солскјер продава 6 играчи <