Утрински Весник
Свет

Адвокатите на бизнисмен од Турција се жалат до ОН дека ОАЕ го мачат во притвор

Адвокатите на бизнисмен од Турција се жалат до ОН дека ОАЕ го мачат во притвор

Адвокатите на турскиот бизнисмен Мехмет Али Озтурк, кој е затворен во ОАЕ речиси три години, поднесоа итна жалба до Обединетите nации обвинувајќи ги властите на Емиратите за тортура врз нивниот клиент, пренесува „Анадолија“.

На 20 февруари 2018 година Озтурк беше уапсен во Дубаи откако пристигна во земјата со својата сопруга Амина Озтурк да присуствува на Саемот за производство „Гулфуд“.

Во претходната изјава за „Анадолија“, Амина рече дека група луѓе облечени во цивилна облека им ги врзале рацете на неа и на нејзиниот сопруг пред да ги однесат на непозната локација. Нејзиниот сопруг останал во притвор додека таа беше ослободена и вратена во Турција. Подоцна тој беше осуден на 25 години затвор.

Според изјавата, адвокатите на Озтурк поднеле итно барање до Работната група на ОН за произволен притвор“.

Во соопштението се вели дека Озтурк бил сериозно измачуван и дека неговиот живот е во опасност. Неговиот син бил искористен да го притиснат да ги наклевети Турција и нејзиното раководство.

Во соопштението се додава дека „ОАЕ извршиле злосторства на произволно и неправедно притворање и тортура, кршејќи ги конвенциите на ОН и правилата на меѓународното право, бидејќи Озтурк бил испрашуван под тортура при апсењето“.

Според изјавата, Озтурк бил потопен во ладна вода за време на испрашувањето, а на грбот му биле ставени железни прачки. Тој беше лишен од сон три дена, тепан и прскан со ладна вода кога се обидувал да спие.

„Во обид да го задушат, му ставија крпа на главата и му истурија вода на устата. Тој беше задржан во мала ќелија долго време лишен од храна, поради што изгуби 25 килограми. Во исто време, неговиот син Абдулах Озтурк, кој студира во САД, постојано однесен од неговата куќа и неколкупати сослушуван од ФБИ на САД, кои го спречувале некое време да се врати во Турција.

Властите на ОАЕ не дадоа коментар за случајот.

Минатиот месец адвокатите на Озтурк аплицираа до Институцијата за човекови права и еднаквост на Турција (ХРЕИТ) и Националниот механизам за спречување и борба против тортура (МНЦПТ) за да извршат притисок врз Абу Даби да го ослободи нивниот клиент.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пет ракети истрелани од Либан врз Израел

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари