Фотографија на која се гледа Брус Вилис како влегува во деловен простор во јужна Калифорнија без заштитна маска предизвика лавина коментари во медиумите во понеделникот.
И покрај тоа што владата во Калифорнија воведе строги правила во обид да го спречи ширењето на Ковид-19, холивудскиот актер е прикажан како купува во аптека во Лос Анџелес, без да носи маска за лице.
Еден ден потоа, ѕвездата на „Умри машки“ (65) во кратка изјава за „Пипл“, вели дека потегот е грешка во проценката. „Бидете безбедни сите каде и да сте, и да продолжиме да се маскираме“, додаде тој.
Некои медиуми објавија дека Вилис одбил да го покрие лицето кога влегол во продавницата RiteAid , иако се гледало дека носи марама околу вратот, која лесно може да се навлече преку устата и носот.
Вилис неодамна сподели и ретка фотографија покрај неговата сопруга Ема (42) и нивните две ќерки Евелин (6) и Мејбел (8).