Утрински Весник
Свет

Поранешниот боливиски лидер Ево Моралес позитивен на коронавирус

Поранешниот боливиски лидер Ево Моралес позитивен на коронавирус

Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес е позитивен на коронавирусот, соопшти неговиот кабинет.

Во соопштението се вели дека тој е стабилен и дека прима терапија со цел да се справи со симптомите, но не е наведено за кои симптоми станува збор, пренесува „Би-би-си“.

Моралес (61) се врати во Боливија од егзил во ноември откако еден од неговите сојузници Луис Арке беше избран за претседател.

Моралес, кој е лидер на владејачката партија Движење кон социјализам, по неговото враќање учествуваше на бројни собири со приврзаници и членови на партијата пред локалните избори што ќе се одржат во март.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Американска живеачка: Плати од 55.000 долари, леб два долара, млеко еден долар…

Русија го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Украина од почетокот на војната

Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лав Четиринаесетти