Утрински Весник
Спорт

„Ѓаволите“ се одлепија пред дербито на „Енфилд“ – тврди „карамели“ за „волците“

Триесет години подоцна Роже Мила жали што не ја победиле Англија (видео)

Францускиот репрезентативец, Пол Погба е творецот на победата на Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Барнли во рамки на 17 коло во Премиерлигата. „Ѓаволите“ славеа минимално со 1-0, а Погба во листата на стрелци се запиша во 71 минута, на асистенција на Рашфорд.

Со овој триумф, кој е потполно заслужен ако се земе во предвид фактот дека Јунајтед имаше 6 шута во рамки на голот на домашната екипа, додека Барнли ниту еднаш не го загрози Де Хеа, Манчестер се одлепи на +3 од Ливерпул пред големото неделно дерби токму со „црвените“ од „Енфилд“.

Во вториот меч во вечерниот термин во Премиерлигата, пулените на Карло Анчелоти славеа со 2-1 нагости кај Вулверхемптон.

Ивоби уште во 6 минута ги донесе „карамелите“ во водство, а „волците“ брзо го вратија резултатот во егал. Невес во 14 минута погоди за 1-1.

Во второто полувреме, во меч без многу шанси, Моис Кин стрелаше прецизно во 77 минута за конечни 1-2.

Со овие 3 бода Евертон се искачи на четвртата позиција на табелата со 32 бода, исто колку што има и Лестер кој е третопласиран.

> „Ѓаволите“ се одлепија пред дербито на „Енфилд“ – тврди „карамели“ за „волците“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Нигерија поуспешна од Египет по изведувањето пенали во дуелот за третото место

Хрватска се намачи за да ја совлада Грузија

„Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка играчите на Реал Мадрид