Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Никол Кидман и Хавиер Бардем во преговори за нов филм во режија на Арон Скорин

Никол Кидман и Хавиер Бардем во преговори за нов филм во режија на Арон Скорин
300x250 opst2

Лусил Бол и Деси Арназ заедно го создадоа нацртот за американскиот телевизиски ситком и остануваат еден од најкласичните телевизиски парови.

А, оскаровците Никол Кидман и Хавиер Бардем во моментов се во преговори за да ги портретираат Бол и Арназ во новиот филм на „Амазон“ на сценаристот и режисер Арон Соркин, авторот на „Социјална мрежа“.

Како што објави „Дедлајн“ во понеделникот, филмските sвезди најверојатно ќе ги имаат главните улоги во Being The Ricardos, мал осврт на животот на култниот пар кој стои зад револуционерната хумористична серија од 1950-тите, „Ја сакам Луси“.

Филмот ги следи главните протагонисти што ја глумеа славната шоубиз двојка Луси и Рики Рикардо во шест сезони од 1951 до 1957 година – во текот на драматична недела на продукција на серијата што освои „Еми“- од понеделник кога се читал неделниот распоред, до петок, во живо од снимањето во студио.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Креативна есен во срцето на Скопје – Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

Ова овошје е најдобро да се јаде наутро ако сакате да ослабете

Лутеница со моркови и пиперки: Според рецептот на баба за уживање во текот на целата зима