Утрински Весник
Магазин

Совршен зимски стајлинг: Оливија Палермо на прошетка во Њујорк

Совршен зимски стајлинг: Оливија Палермо на прошетка во Њујорк

Таа е урбана и гламурозна икона на стилот, популарна блогерка која секогаш изгледа беспрекорно и поставува модни трендови каде и да оди, на прошетка или на модна свеченост.

Па дури и наједноставен комплет од зимско палто и хеланки изгледаше отмено на Оливија Палермо кога во понеделникот беше забележана на прошетка во Њујорк.

Модната инфлуенсерка (34), која ја нарекуваат модна икона на денешницата, носи црно крзнено палто, во комбинација со црни плетени хеланки и црни војнички чизми.

Оснивачката на групацијата „Оливија Палермо“ на лицето има заштитна маска со дезен и уметнички очила за сонце исто така во црна боја.

Иако навидум со недефинирана професија, Палермо е едно од најфотографираните лица во светот на модата. Блогерка, дизајнерка, инфлуенсерка, богаташка…Палермо важи за трендсетерка чиј стил го копираат илјадници девојки од целиот свет.

Таа има 6.4 милиони следачи на социјалните мрежи и редовно објавува тренди облека, дизајнерски креации и лајфстајл-производи. Нејзиниот моден стил одушевува поради урбаната елеганција и умешното спојување на различни стилови.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Жена дала 100.000 евра и го чекала „Бред Пит“ три недели во хотел

Четири клучни возрасти за мозокот

Зошто автомобилот троши повеќе гориво зиме