Утрински Весник
Свет

Албанија добила вакцини од пријателска земја, Рама ќе се вакцинира помеѓу првите

Албанија добила вакцини од пријателска земја, Рама ќе се вакцинира помеѓу првите

Албанија од денеска започнува со вакцинацијата против Ковид-19.

Предност во вакцинацијата ќе имаат медицинските лица, а меѓу првите ќе се вакцинира и албанскиот премиер, Еди Рама.

„Ќе се вакцинирам, можеби преку ред, зашто прво со оваа имунизација планирано е да се опфатат здравствените работници, но тоа ќе го сторам во знак на сенсибилизација за сите скептици. Секако дека тоа ќе го сторам само за да дадам јасна порака дека не само што е безбедно, туку и е оружје за уништување на овој невидлив непријател“, рече Рама.

Тој истакна дека располагаат со 975 дози вакцини добиени од прјателска земја која не сакала нејзиното име да биде јавно соопштено.

„Не е Грција“, рече Рама.

Албанскиот премиер денеска повторно ја критикуваше Европската Унија, изјавувајќи дека во овие тешки времиња, таа се грижи само за себе.

Рама рече дека во стратегијата утврдена од ЕУ за инвестирање во Ковакс планот за вакцинација, нема определено време за почеток на процесот.

„И покрај посветеноста кон Ковакс, засега е непознато колку долго може да трае тоа чекање. Од таа причина, ние се свртевме кон другите канали и директно контактиравме со произведувачите”, рече Рама.

Тој додаде дека целта на владата е да го зголеми капацитетот за вакцинација и се надева дека наскоро ќе се постигне договор за вакцините Астра Зенека.

Рама нагласи дека првите 10.750 дози на вакцината од Фајзер ќе пристигнат во Албанија следната недела.

Уште 30.250 дози се очекува да дојдат во февруари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме