Утрински Весник
Економија

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар

Од полноќ поевтинување на горивата

Регулаторната Комисија за енергетика објави дека во согласност со методологијата што ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1,64 проценти.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 4 јануари 2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,888 ден/кг и ќе изнесува 29,651 ден/кг.

„Денешната одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати е резултат на зголемените берзански цени од изминатата недела. Растот на сите референтни цени на светските берзи следува по изјавата на министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулаиз бин Салман, кој соопшти дека Саудиска Арабија ќе ги надмине договорените квоти на кратење, со цел да ја задржи сопствената економија и пазарот со нафта, по што од вторникот цената на нафтата Брент на берзите порасна за пет отсто и истата има вредност над 53 УСД $/t – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Серафимовски: Договорените услови за откуп на пиперката мора доследно да се почитуваат

Од бакарот во Иловица до антимонот кај Крива Паланка: каде е Македонија во трката за критични минерали?

СДСМ: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами – следува криза и уште поскапа храна