Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Лоцирани двете црни кутии од паднатиот индонезиски авион

Лоцирани двете црни кутии од паднатиот индонезиски авион
300x250 opst2

Лоцирани се двете црни кутии од „боингот“ на индонезиска авиокомпанија што се урна во морето во близина на главниот град Џакарта, со 62 лица.

Информацијата ја објави денеска безбедносниот одбор на индонезиското Министерство за транспорт.

„Ја локализиравме позицијата на двете црни кутии“, рече шефот на безбедносниот комитет .

„Нуркачите ќе почнат да ги бараат и се надевам дека тоа нема да трае долго“, додаде тој.

Претходно, спасувачите извлекоа делови од човечки тела, облека и парчиња метал од површината на водата. Локални рибари и вчера непосредно по несреќата пронашле делови од авионот кои пловеле во водата и тие се испратени на испитување.

Пресвртна точка во потрагата по авионот на компанијата „Сривиџаја ер“ беше кога сонарот од воен брод вклучен во потрагата го откри сигналот од локаторот на авионот на местото за кое се верувало дека е место на несреќата.

Сепак, сè уште не е познато ништо за причините за падот на авионот, што, најверојатно, никој од патниците и членовите на екипажот не го преживеал, пренесува АП.

Во авионот имало 62 лица, од кои седум деца и три бебиња. Шестмина биле членови на екипажот.

Авионот „боинг 737-500“, на компанијата „Сривиџаја ер“, вчера непосредно по полетувањето во 7 часот и 40 минути, паднал во морето откако нагло ја изгубил висината и набргу по полетувањето од индонезиската престолнина го загубил контактот со контролата на летање и исчезнал од радарите. Станувало збор за домашен лет од Џакарта за Понтијанак.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хорор во Шведска: 14 годишно момче рани шест лица

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

Уапсен руски милијардер поради серија убиства