Утрински Весник
Свет

Лукашенко го најави новиот Устав на Белорусија

Лукашенко го најави новиот Устав на Белорусија

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, најави дека нацртот на новиот Устав на земјата ќе биде готов до крајот на оваа година, а потоа ќе биде распишан референдум за негово усвојување.

Ова го објави „РИА Новости“, а го пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Белорусија ја тресат опозициски протести уште од 7 август, а демонстрантите ја оспоруваат валидноста на резултатите од претседателските избори кои се одржаа минатата година, но Лукашенко, кој е претседател од 1994 година, ги отфрли критиките од неговите политички противници.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дигиталното евро доаѓа: Еве како ќе функционира новата европска валута

Трамп ја нарече Шпанија „ужасен партнер“, а неколку часа подоцна ја пофали

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска