Утрински Весник
Свет

Половина метар снег наврна во Србија, издадено предупредување за снежно невреме

Половина метар снег наврна во Србија, издадено предупредување за снежно невреме

Снегот што паѓа од вчера на подрачјето на општина Ивањица, Србија, во повисоките области достигна висина до 40 сантиметри, додека во пониските области на општината има снежна покривка од пет до десет сантиметри.

Снежните врнежи не запираат ниту во Сјеница, а во повисоките области е формирана снежна покривка над 40 сантиметри, а поради лошите временски услови 17 села повторно останаа без електрична енергија.

Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија предупреди на врнежи од снег што се очекуваат од утре вечер во целата земја.

Српските медиуми јавуваат дека на територијата на цела Србија во недела ќе биде вклучен метеоаларм.

Во ридските и планинските области, висината на снежната покривка се очекува да се зголеми за 15 до 30 сантиметри.

Во јужна Србија снегот на места ќе се претвори во дожд.

Поради снегот кој од утрово постојано паѓа во делови на Србија и значителното зголемување на снежната покривка, Службата за спасување на планини дава совети за безбедно патување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд

Маск судски бара 134 милијарди долари од OpenAI и Microsoft

Стив Банон, поранешен стратег во Белата куќа: Канада е следната Украина