Утрински Весник
Свет

Издаден налог за апсење на Трамп во Ирак

Издаден налог за апсење на Трамп во Ирак
Dik 300x250 mk

Ирачкото правосудство издаде налог за апсење на Доналд Трамп во врска со убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани и соработникот Абу Махди ал-Мухандис.

Убиството се случи минатата година, во близина на аеродромот во Багдад.

Налогот за апсење го издаде истражниот суд во Багдад, изјави портпарол на судот, а пренесе агенцијата АП.

Сулејмани беше началник на елитната единица Кудс на Иранската револуционерна гарда.

Во налогот за апсење, Трамп е обвинет за убиство со умисла, што во Ирак се казнува со смрт.

Нов претседател на САД е Џо Бајден, откако Конгресот денеска ги потврди гласовите од изборите на 3. ноември. За официјализирање, останува уште свеченоста на инаугурација која треба да се случи на 20 јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина