Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Иран бара од Интерпол да распише потерница за 48 лица од САД, меѓу нив е и Трамп

Иран бара од Интерпол да распише потерница за 48 лица од САД, меѓу нив е и Трамп
300x250 opst2

Иран испрати барање до Интерпол да издаде меѓународна црвена потерница за 48 американски официјални лица.Тоа го вклучува и американскиот претседател Доналд Трамп, кој е обвинет за вмешаност во убиството на генералот Касем Солејмани.

Портпаролот на иранското Министерство за правда, Гулам Хусеин Исмаили, изјави дека истрагата за убиството на командантот на елитната единица Кудс на Иранската револуционерна гарда се спроведува во соработка со шест земји, вклучително и Ирак.

„Утврдено е дека 48 лица биле вмешани во убиството на Солејмани, вклучувајќи го и претседателот на САД како првообвинет, како и команданти и претставници на Пентагон и американски војници во регионот“, рече Исмаили.

Тој рече дека Иран побарал од Интерпол да издаде меѓународна црвена потерница за осомничените. Солејмани беше убиен пред една година во напад на американски беспилотни летала во Багдад. Тогаш беа убиени десет лица.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Цените на нафтата паѓаат по вестите за изгледите за прекин на огнот во Газа

Земјотрес од 6,9 степени ги погоди Филипини, најмалку 69 загинати меѓу кои и деца во спортска сала

Експлозии и пукање во Минхен: едно лице загина, друго е повредено