Утрински Весник
Магазин

Ема Стоун е бремена со прво дете

Една радосна вест што ѕвони во новата година откако ја испративме старата и тажна 2020.

Претходно беше објавено дека омилената холивудска актерка Ема Стоун го чека своето прво дете со сценаристот на шоуто „Сатрдеј најт лајф“ Дејвид Мекери.

На ексклузивни фотографии објавени од „Дејли меил“, 32-годишната Стоун може да се види како го гали својот труднички стомак додека е на прошетка со пријателка.

Двојката допрва треба јавно да ја потврди веста.

Сепак, извор близок до Ема и Дејвид изјави за за „Е! њуз“ дека Ема е бремена и дека ужива во брачнит живот.

Претходно магазинот „Пипл“ објави дека се свршиле минатиот септември откако беа во врска три години. Тие ја објавија веридбата во декември 2019 година и првично планираа да се венчаат во март 2020 година, но мораа да ја одложат венчавката поради пандемијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Забавите без мобилни станаа нов хит кај генерацијата Z

Бугарската пејачка Дара победи на Евровизија со песната Бангаранга

Хороскопски знаци кои имаат среќа со финансиите, ретко остануваат без пари