Утрински Весник
Македонија

Груби тврди дека ги почитувале протоколите: „Фотографијата е направена при мало изненадување за Ахмети“

Груби тврди дека ги почитувале протоколите: „Фотографијата е направена при мало изненадување за Ахмети“

Фотографијата од петнаесеттемина членови на ДУИ, меѓу кои и високи државни функционери, кои без маска и дистанца слават роденден во новиот барокен објект на Министерството за политички систем била направена при мало изненадување приредено за лидерот Али Ахмети, вели за „Mакфакс“ првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби.

Тој рече дека организирањето на овој настан во државни простории им било традиција.

„Настанот се организира на првиот работен ден во новата година и според протоколите. Сликата објавена од Османи беше само еден момент за заедничка слика при мало изненадивање што колега го приреди за господинот Ахмети, слично како и минатата година во Собранието, искористувајќи го неговото присуство“, вели вицепремиерот Губи.

И покрај тоа што на заедничката фотографија, како и на фотографијата на која лидерот Али Ахмети ја сече тортата, никој не носи маски и нема два метра меѓу нив, Груби тврди дека ги почитувале протоколите.

„Протоколите првенствено ги почитуваме за нашето лично здравје и за нашите семејства како и за граѓаните“, тврди вицепремиерот Груби.

Заедничката фотографија од прославата во новите простории на Министерството ја објави министерот за надворешни работи Бујар Омани, а подоцна на социјалните режи се појави и фотографија на која лидерот Ахмети сече торта, а неговите симпатизери му го честитаат 62 роденден.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме