Утрински Весник
Македонија

Приведен вевчанец поради закани на социјалните мрежи

Приведен вевчанец поради закани на социјалните мрежи

Четириесет и петгодишен жител на Вевчани е приведен поради загрозување на сигурноста и ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

Од полицијата информираат дека тој на својот „Фејсбук“ профил, како и на повеќе електронски портали, објавил видео клип со заканувачка содржина, промовирал и поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон други лица.

„При претрес извршен во неговиот дом, а врз основа на наредба од судија на претходна постапка, пронајдени се и одземени лап-топ компјутер и други предмети поврзани со делото“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари

Кога ПР-от е поважен од фактите: ЦУК со фотографија од Калифорнија се пофали за спасено теле

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент