Утрински Весник
Економија

„To Montenegro“ нова црногорска авиокомпанија

Авион на „Рајанер“ принудно слета поради закана за бомба

Црногорската влада денеска ќе почне со процесот за основање на нова авиокомпанија, изјави министерот за капитални инвестиции Младен Бојаниќ и додаде дека новата компанија ќе се вика „To Montenegro“.

„Ќе имаме нова компанија што ќе се води како што треба“, додаде тој.

Тој додаде дека ќе бидат потребни шест до девет месеци да се заврши сè  што е потребно во врска со новата авиокомпанија.

„Испративме официјално писмо до Европската комисија да ни помогне во тој процес. Исто така, планираме да преземеме одреден дел од персоналот од ‘Монтенегро ерлајнс’ во новата компанија“, рече Бојаниќ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Владата размислува за уште еден ребаланс на Буџетот

Од полноќ нови цени на горивата

Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, Владата води сметка да го заштити стандардот на граѓаните