Утрински Весник
Свет

Новинарката која известуваше од Вухан осудена на четири години затвор

Новинарката која известуваше од Вухан осудена на четири години затвор

Независната новинарка Занг Зан е осудена на четири годинии затвор, бидејќи известувала во екот на почетното избивање на коронавирусот во кинескиот град Вухан. Кинеските власти сметаат дека со известувањето таа допринела за ширење на паника и предизвикување кавги.

Занг Зан во февруари допатувала во Вухан за да известува за избивањето и ширењето на вирусот Ковид-19, а тоа било токму во време кога властите се обидувале да го спречат влијанието на приватните и државните медиуми. Потоа во мај новинарката се повлекла во целост, но подоцна била идентификувана во Шангај, каде била пронајдена и уапсена.

Таа е обвинета за кривично дело наметнување кавги и предизвикување проблеми, што обично се користи за мета на новинари и активисти за човекови права.

Занг е првата новинарка за која е познато дека е осудена поради својата улога во известувањето за пандемијата, објави Си-ен-ен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украинска делегација заминува за САД на разговори за можен мировен договор

Трамп со закана до сите земји не го подржуваат за Гренланд

Стармер не сака разговори со Путин