Утрински Весник
Свет

Фаучи: Допрва нè очекуваат најтемните денови во борбата со коронавирусот

Фаучи: Допрва нè очекуваат најтемните денови во борбата со коронавирусот

Водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи изрази загриженост дека можеби претстојат најлошите денови во САД во борбата со коронавирусот.

Во исто време, тој се согласи со новоизбраниот претседател Џо Бајден, кој рече дека следуваат најмрачните денови во борбата со коронавирусот.

„ Причината поради која јас и моите колеги сме загрижени е дека е можно да видиме скок на бројот на пациенти кога ќе завршат новогодишните празници, и, како што опишав, тоа може да биде скок по скок. Ако го погледнете трендот што го имавме на крајот на есента и почетокот на зимата, се чини навистина проблематично“, рече Фаучи.

Тој додаде дека САД се во критичен момент.

„ Затоа ја споделувам загриженоста на новоизбраниот претседател Бајден дека ситуацијата всушност ќе биде уште полоша во следните неколку недели“, додаде Фаучи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал

Силен руски напад врз Украина, осум мртви, 11 ранети