Утрински Весник
Свет

Ерменија – уапсени демонстранти кои ја блокираат зградата на владата

Ерменија – уапсени демонстранти кои ја блокираат зградата на владата

Специјалните полициски сили на Ерменија почнаа да ги приведуваат демонстрантите кои ја блокираат зградата на владата во главниот град на земјата, Ереван, пренесува ТАСС.

„Членовите на кабинетот успеаја да влезат во зградата утринава и сега нашата цел е да ги спречиме да ја напуштат сè додека премиерот Никол Пашинјан не поднесе оставка“, рече еден од организаторите на протестот, Ишкан Сагалјтан, лидер на опозициската партија Дашнактсујун.

Ситуацијата останува напната, бидејќи демонстрантите продолжуваат да ги блокираат улиците во близина.

Ерменската опозиција смета дека заедничката изјава што Пашинјан ја потпиша со рускиот претседател Владимир Путин и со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев на 9 ноември, со што се стави крај на воените активности во регионот Нагорно-Карабах, всушност значело предавање. Опозицијата, исто така, го обвинува Пашинјан за економските и социјалните проблеми со кои се соочува земјата.

Во меѓувреме, ерменскиот претседател Армен Саркисијан повика на предвремени парламентарни избори. Пашинјан, пак, рече дека во моментот не планира да поднесе оставка затоа што владите треба да се менуваат само преку избори. Во исто време, некои од неговите приврзаници не исклучија предвремени избори.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски: Украинската армија цврсто ги држи позициите во регионот Курск

САД размислуваат да испратат нов противракетен систем во Израел

Силен земјотрес регистриран во близина на брегот на Коста Рика