Утрински Весник
Економија

Наместо карго аеродром во Штип, парите се пренасочуваат за 99 проекти во 75 општини

Наместо карго аеродром во Штип, парите се пренасочуваат за 99 проекти во 75 општини

Владата вечерва на седница го утврди текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен помеѓу државата и ТАВ Македонија ДООЕЛ.

„Со Анексот на Договорот практично се става во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во штипско и со која финансискиот износ за таа намена сега се пренаменува за 99 инфраструктурни проекти во 75 општини во државата, како и за проширување на капацитетите на аеродромските згради во Скопје и Охрид“, соопшти владината прес-служба.

Како што информираа претходно од Владата, за 99-те проекти во општините со пренамената се обезбедени 35 милиони евра.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Официјално започна Вториот регионален саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН“

Митева: Носиме мерки што даваат директен ефект врз цените, течниот нафтен гас – плин намален за 5 денари по литар

Македонците лани направиле 12,4 милиони онлајн-трансакции и потрошиле 427,8 милиони евра, најмногу за авиобилети и резервирање хотели