Утрински Весник
Свет

Канада, Аргентина и Чиле ги сопреа летовите од Велика Британија

Канада, Аргентина и Чиле ги сопреа летовите од Велика Британија

Според последните информации од утрово, Канада, Аргентина и Чиле  ги прекинуваат летовите од Велика Британија. Забраната стапи на сила во 6 часот  и ќе трае најмалку 72 часа, објави Си-ен-ен. Канадскиот премиер Џастин Труди ја потврди оваа вест на Твитер, велејќи дека се е направено за да се заштитат Канаѓаните низ целата земја од новиот вид вирус кој циркулира во југоисточна Англија и Лондон.

Канадската јавна здравствена служба соопшти дека, иако се потребни повеќе информации за новиот вид на Ковид-19, „одлуката за прекинување на летовите од Велика Британија за комерцијални и приватни летови ќе важи 72 часа“.

Министерството за внатрешни работи на Аргентина објави дека последниот лет пред суспензијата од Велика Британија е планиран за Буенос Аирес утрово според локалното време, пренесува Ројтерс. Патниците и екипажот потоа ќе мора да одат во седумдневен карантин. Чилеанските власти објавија дека од вторник на полноќ на странците без престој, кои биле во Велика Британија последните 14 дена, ќе им биде забранет влез во земјата во следните 14 дена.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња