Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев: Санирањето на свлечиштето кај Маркова Нога носи безбедност за граѓаните и туристите

(Видео) Заев: Санирањето на свлечиштето кај Маркова Нога носи безбедност за граѓаните и туристите
Dik 300x250 mk

Премиерот Зоран Заев заедно со градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски при работната посета во Преспанскиот регион извршија увид во санацијата на свлечиштето на регионалниот пат од Макази до Маркова Нога.

При увидот, градоначалникот Гошаревски укажа дека градежните работи не се запрени и во вонредните услови како пандемијата или летните избори. Според Гошаревски, интензивните градежни активности на свлечиштето овозможуваат безбедност за жителите на Преспанскиот регион, но и за сите граѓани кои возат по овој пат. А покрај безбедноста, оваа конкретна точка на патот е клучна бидејќи овозможува услови за отворање на граничниот премин Маркова Нога.

Ова свлечиште се појавува во 2018 година и на неговата санација и претходеа консултации со професори од градежен факултет кои подготвија анализа и проект за долгорочно решавање на проблемот. Проектот опфаќа растерување и олеснување на земјиштето, изработка на насип и изработка на потпорен ѕид. После завршување на градежните активности, следува фаза на пошумување и зазеленување на просторот. Средствата за санацијата се обезбедени преку програмата за прекугранична соработка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кривичен одреди притвор и куќен притвор за осомничените за лихварство и перење пари

На Табановце и Блаце за влез и излез од државава се чека до 40 минути

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори