Утрински Весник
Свет

Помпео: С-400 во Турција закана за американскиот персонал

Помпео: С-400 во Турција закана за американскиот персонал

Државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, во телефонски разговор со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу изјави дека воздушните системи С-400 што Турција ги набави од Русија ја загрозуваат безбедноста на американскиот персонал, изјави портпаролот на Стејт департментот, Кејл Браун.

„Помпео јасно му стави до знаење на Чавушоглу дека турската набавка на системот С-400 ја загрозува безбедноста на американските војници и воената технологија и им овозможува на Русите пристап до турските вооружени сили и воената индустрија“, рече Браун.

Помпео исто така го повика својот турски колега да го реши прашањето С-400 на начин што е во согласност со повеќедецениската историја на соработка меѓу САД и Турција во одбранбениот сектор.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Клучни избори во САД: Се одлучува кој ќе го контролира Конгресот и колкава моќ ќе има Трамп

Еден од најбараните криминалци во Европа е во бегство – награда од 2 милиони евра за информација

Страшна несреќа на Еверест: Два хеликоптера се судрија во воздух, има загинат и повредени