Утрински Весник
Магазин

(Видео) Џастин Тимберлејк во најавата за новата драма „Палмер“

(Видео) Џастин Тимберлејк во најавата за новата драма „Палмер“

„Епл ТВ-плус“ во четвртокот го објави трејлерот за претстојната драма „Палмер“ со Џастин Тимберлејк во главната улога.

Филмот предизвика контроверзи за време на неговото снимање минатата година, кога Тимберлејк (39) беше фотографиран како се држи за рака со неговата 31-годишна колешка Алиша Вејнрајт, во еден бар во Њу Орлеанс за време на пауза од снимањето.

Пејачот подоцна преку својот профил на Инстаграм ѝ се извини на сопругата Џесика Бил и изрази жалење за публицитетот што резултираше поради, како што рече, „голем пропуст во просудување“.

 

Трејлерот започнува со Тимберлејк, како титуларен лик, кој се враќа од затвор и доаѓа во куќата на неговата мајка. Таа вели: „Мило ми е што се врати“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ентони Хопкинс на 88 години објавува музички албум на кој работел 60 години

Грицки што не дебелеат и можете да ги јадете без вина

Седум интересни факти за сладоледот