Утрински Весник
Спорт

Клоп ќе остане без омилениот „џокер“

Клоп ќе остане без омилениот „џокер“

Дивок Ороги, „џокерот“ на Јирген Клоп во походот на титулата во Лигата на шампионите, во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Ливерпул.

Ороги, од почетокот на сезоната, во Премиер лигата има одиграно само девет минути. Според британските медиуми, Ориги кариерата ќе ја продолжи во Вулверхемптон. „Волците“, на неодредено време останаа без напаѓач, откако пред три недели серизно се повреди Раул Хименез.

Двата клуба имаат добри односи, во летниот преоден рок од Вулвс во Ливерпул се пресели Диого Жота.

Ориги е играч на Ливерпул од 2014 година. Една година мина на позајмица во Лил и една во Волфсбург. За Ливерпул има одиграно 93 натпревари, на кои постигнал 19 голови.

> Клоп ќе остане без омилениот „џокер“ <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност