Утрински Весник
Свет

(Видео) Убиство што ја шокираше Англија: Момчето само ги погледнало, а тие го проболе 18 пати

(Видео) Убиство што ја шокираше Англија: Момчето само ги погледнало, а тие го проболе 18 пати
Dik 300x250 mk

Тројца тинејџери беа осудени во Англија за убиство на момче. Ужасниот напад се случил во февруари, кога тинејџери на велосипед нападнале 15-годишно момче и без причина го проболе до смрт.

Бабакар Дијагне (15), жртвата на нападот, не ги познавал тројцата напаѓачи, пренесува „Би-би-си“.

На снимката се гледа како еден од напаѓачите го сретнал Бабакар во друштво на пријатели, се свртел по нив, се погледнале и продолжиле секој во својата насока. Не поминало многу време, убиецот се нашол со уште двајца и заедно тргнале со велосипеди да го бараат момчето кое дури не го ни познавале.

Тие го пречекале и го проболе со нож. Имал 18 убоди, претежно на градите и на горниот дел од телото.

Напаѓачите прво почнале да го удираат детето, а потоа го фрлиле на под. Тој прво се спротивставил, но по ударот во глава останал да лежи неподвижен.

Сите тројца се прогласени за виновни за убиство.

Бидејќи станува збор за малолетници, нивните имиња се недостапни за јавноста, иако судијата го разгледува барањето за укинување на ограничувањата што ќе овозможи нивно идентификување.

Тинејџерите се соочуваат со можни доживотни затворски казни.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Голем скандал во австралиската војска: илјадници жени биле жртви на сексуална злоупотреба

Москва одговори на тврдењата на Литванија дека руски авиони влегле во нејзиниот воздушен простор

Индија со вештачки дожд ќе се обиде да го реши загадувањето на воздухот