Утрински Весник
Магазин

Шер никого не мразела толку колку претседателот Доналд Трамп

Шер никого не мразела толку колку претседателот Доналд Трамп

Шер верува во живот по Трамп.

Божицата на попот изјави дека никогаш не мразела некого повеќе од претседателот Доналд Трамп и вети дека ќе танцува наоколу ако тој се соочи со кривично гонење по напуштање на функцијата

„Го мразам“, рече Шер за британски „Гардијан“ во интервју направено во Лондон, додавајќи дека никогаш не мразела некого во својот живот, толку многу.

74-годишната пејачка, актерка и музички продуцент, позната по својот длабок вокал и нескротлив темперамент, добитничка на Оскар за најдобра актерка („Мунстрак“ 1988 година) го спореди Трамп со поранешниот претседател Џорџ В. Буш, уште една цел на нејзиниот екстремен бес.

„Не го сакав Буш откако ги започна војните“, рече Шер. „Но, едно знам дека тој ја сака Америка, а Трамп не.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 26 мај 2026 година

Што да јадете кога сте мамурни? Храна што го олеснува опоравувањето

Состојка која го чисти шпоретот за миг