Утрински Весник
Свет

Повеќе од 73 милиони заболени од коронавирус во светот, 14% од заразените се здравствени работници

Повеќе од 73 милиони заболени од коронавирус во светот, 14% од заразените се здравствени работници

Повеќе од 73 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирусот, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдометерс“. Бројот на смртни случаи надмина 1,6 милиони, а бројот на закрепнати расте – 51 милион.

Активни се 20.131.031 случај или 99,5 проценти, а 106.299 лица се во сериозна состојба или 0,5 проценти.

Здравствените работници сочинуваат три проценти од светската популација, сепак, тие сочинуваат дури 14 проценти од вкупниот број заразени со коронавирусот, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејезус, ја пофали работата на здравствените работници ширум светот на брифингот во Женева.

„Пандемијата нè потсети сите на херојското дело на здравствените работници, кои секојдневно се борат против пандемијата. Има само три проценти од нив во светот, но тие сочинуваат 14 проценти заболени од вкупната популација“, рече Тедрос, како што објави ТАСС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години