Утрински Весник
Македонија

Иницијатива за конгрес: СДСМ денеска слави во Штип, а членовите на ВМРО-ДПМНЕ се понижени

Комисија за следење на изборни нерегуларности: До 17 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера

Политиките на се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски носат само порази и ја уништуваат ВМРО-ДПМНЕ, велат од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука преку соопштение нагласуваат дека додека СДСМ денеска слави во Штип, членовите на ВМРО-ДПМНЕ се понижени и потиштени бидејќи првиот човек  на партијата, Христијан Мицкоски, не им дозволи да се борат на изборите.

„Во ситуација на здравствено-економска криза, бугарско вето и бројни скандали, СДСМ успеа да добие 1600 гласови повеќе од гласовите кои ги освои во јули во Штип. Почист и појасен показател дека граѓаните не гледаат алтернатива во Мицкоски, нема. Тоа се виде и на слабо посетените протести, кои беа организирани секаде, освен во Штип. Членовите на партијата и неутралните граѓани го отфрлаат лицемерието на Мицкоски и политиката на бегање. Неодлучноста на Мицкоски го ситни ВМРО-ДПМНЕ. На референдумот не застана ни против, ниту пак повика на бојкот. Избега од соочување и на овие избори. Мицкоски вака ги загуби и Охрид и Ново Село. Мицкоски вака ги загуби и Претседателските и Парламентарните избори. Или Мицкоски или ВМРО-ДПМНЕ!“, порачаа од Иницијативата за конгрес.

Понатаму, наведуваат дека е време за оставки и одговорност, бидејќи Мицкоски нема капацитет да ја води партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег