Утрински Весник
Свет

Бугарскиот министер за здравство: Прерано е да се олеснат ограничувањата од 21 декември

Бугарскиот министер за здравство: Прерано е да се олеснат ограничувањата од 21 декември

Бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов објави дека ќе инсистира да не се олеснат рестриктивните антиепидемиски мерки од 21 декември.

„Прерано е да се олеснат мерките од 21 декември. Како лекар и министер, верувам дека не смеат да се дозволуваат ноќни собири и пијанства во рестораните. Би било прерано“,  рече Ангелов, додавајќи дека 150 новоинфицирани лица на ден не е добра статистика, пренесе агенцијата БТА.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот