Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Огромен интересот за вакцинација против сезонски грип во Охрид

Огромен интересот за вакцинација против сезонски грип во Охрид
300x250 opst2

За само еден час од отварање на вакциналниот пункт кај Центарот за јавно здравје во Охрид, повеќе од педесет граѓани ја примија вакцината против сезонски грип.

Станува збор за комерцијалните вакцини, додека, бесплатната вакцинација веќе се спроведува преку моделот „Мој термин“.  Од Центарот за јавно здравје велат дека досега за Охрид, Струга и Дебар добиени се 1.000 дози вакцина против сезонски грип и тоа 500 за Охрид, 300 за Струга и 200 за Дебар.

Директорот на Центарот за јавно здравје Сашо Точков објаснува дека во пунктот во центарот, комерцијална вакцина ќе примаат лица помлади од 65 години, а годинава пак, бесплатните вакцини паралелно се даваат во здравствените домови со цел да му се олесни работата на Центарот за јавно здравје, поради ангажираноста со ковид пациентите. Центарот за јавно здравје од Охрид од сопствениот буџет набави вакцини за комерцијална употреба, кои исто така веќе од денеска се достапни за охриѓани и чинат 800 денари.

На ниво на држава против сезонскиот грип, за бесплатно вакцинирање се набавени 40.000 дози, 12.000 повеќе споредено со минатата сезона.

Епидемиолозите велат дека нема период во кој може да се задоцни со вакцинацијата. Добро е секој граѓанин да ја прими вакцината во било кој период до започнување на пикот на сезоната на грип. Порано пикот на сезоната бил во декември и јануари, а сега со временските промени пикот го очекуваме при крајот на месец јануари и почеток на февруари. Во однос на ова, според епидемиолозите, никогаш не е доцна граѓаните да се заштитат од сезонскиот грип и да ја примат потребната вакцина.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

МЛЕЧНАТА ИНДУСТРИЈА СО СИЛНА ГОДИНА: Вкупна добивка од 6,7 милиони евра

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за Зоран Заев

Муцунски во Ирска на средба на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес