Поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Луј ван Гал, не е сигурен дека неговиот сонародник, Дони Ван де Бек, го направил вистинскиот чекор, кога во преодниот рок од Ајакс се пресели на „Олд Трафорд“.
Ван Гал, кој замина во пензија пред неколку месеци, две години го предводеше Манчестер јунајтед,
„Се надевам дека допрва ќе дојде неговото време, но мислам дека направи погрешен избор. Ако во тимот ги имата Пол Погба и Бруно Фернандеш, на кое место го гледате Ван де Бек?“, се запрашал Ван Гал во интервју за „Зиго“.
Според Ван Гал, неговиот млад сонародник, не поседува квалитет каков што имаат Погба и Бруно.
„Постојат многу тимови од најквалитетните првенства во кои би играл многу повеќе. Тој е исклучително талентирано момче“, рекол ван Гал.
Дони Ван де Бек, во преодниот рок за 39 милиони евра, стана играч на Манчестер јунајтед. Од почетокот на сезоната настапил на 16 натпревари и постигнал еден гол.
> „Ван де Бек направи погрешен избор“ <