Утрински Весник
Свет

ОН предупредуваат: Светот не може да го победи коронавирусот без санитарни услови за сиромашните

ОН предупредуваат: Светот не може да го победи коронавирусот без санитарни услови за сиромашните

Здравствената заштита за околу 1,8 милијарди луѓе ширум светот е организирана во установи кои немаат чиста вода, поради што пациентите и здравствените работници се изложени на ризик од болести како што е Ковид-19, предупредуваат Обединетите нации.

Една од четири здравствени установи во светот нема директен пристап до чиста вода, секоја трета не обезбедува соодветна хигиена на рацете, а секоја десетта нема основни тоалети, утврдија Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на ООН (УНИЦЕФ).

Ковид-19 откри клучни слабости во здравствените системи, вклучително и несоодветна превенција и контрола на заразни болести, забележаа агенциите на ООН во извештајот за глобалната санитарна инфраструктура.

Санитарната инфраструктура е основата на борбата против Ковид-19, се вели во соопштението на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејзус.

Недостатоците се особено изразени во најмалку развиените земји во светот, кои претежно се наоѓаат во Африка и Азија.

Според извештајот на СЗО и УНИЦЕФ, за опремување на овие земји со основна санитарна инфраструктура ќе бидат потребни инвестиции од 3,6 милијарди долари до 2030 година.

Подобрата хигиена едноставно мора да најде место во плановите на светските лидери за обнова и градење на постпандемичен свет, нагласи шефицата на УНИЦЕФ Хенриета Форе.

„Подобрата хигиена е апсолутно неопходен дел (од тие планови)“, заклучи Форе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk