Утрински Весник
Свет

Киднапирани повеќе од 300 ученици во Нигерија

Киднапирани повеќе од 300 ученици во Нигерија

Родители на стотици киднапирани нигериски момчиња се собраа во средно училиште во југозападната држава Кацини, молејќи ги властите да ги спасат.

Повеќе од 300 ученици од државното училиште за момчиња во Канкар беа киднапирани во петокот вечерта и сè уште не се пронајдени. „Нема да застанеме сè додека ова не се реши“, рече портпаролот на владата, Абдул Лабаран, додавајќи дека високи воени и разузнавачки служби вршат претреси.

Вкупно 321 момче се води за исчезнато.

17-годишниот Јахаја за „Ројтерс“ изјави дека вчера им избегал на киднаперите додека тие ги пренесувале киднапираните момчиња во шумата.

Разбојничките напади се вообичаени во северозападна Нигерија. Разбојниците напаѓаат цивили, крадат или земаат заложници за откуп.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk