Утрински Весник
Македонија

Народната банка регистрира пораст на цените на становите во Скопје во третиот квартал

Корона вирусот доведе до голем пад на тргувањето на пазарот на недвижности

Во третиот квартал на 2020 година, цените на становите забележаа годишен раст од 2,7 отсто, што претставува мало забрзување во споредба со претходниот квартал, соопшти Народната банка во новиот квартален извештај.

„Од аспект на понудата, вредноста на изградените станбени згради забележа пад во вториот квартал од 2020 година, а кај издадените одобренија за изградба на станбени згради се забележува намалување на вредноста 50 во третиот квартал од годината“, соопшти Народната банка.

Оттаму додаваат дека од аспект на побарувачката на станови, во третиот квартал на 2020 година таа е поддржана и од натамошниот двоцифрен раст на станбените кредити.

Народната банка ја пресметува цената на становите преку таканаречениот хедонички индекс на цените на становите, кој се изготвува врз база на огласите за продажба во главниот град, а објавен од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

„Цената на станот е функција од големината, населбата во која се наоѓа, катот, дали станот има централно парно греење и дали станот е нов“, објаснуваат од Народната банка.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Салаи: Без политичка волја нема борба против корупција

Театар Штип со бесплатна изведба го одбележува 27 март – Светскиот ден на театарот 

Тасева: Живееме во „заробена држава“ – институциите се во служба на елитите