Утрински Весник
Македонија

За десет години 65.675 Македонци добиле бугарско државјанство

За десет години 65.675 Македонци добиле бугарско државјанство

За десет години 65.675 Македонци добиле бугарско државјанство. Бугарската министерка за правда, Десислава Ахладова на седница на парламентот објави дека од 1 јануари 2010 година, до 22 октомври 2020 година, вкупно 77.829 државјани на Македонија поднеле барање за бугарско државјанство.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, во 77.726 од тие барања било наведено дека барателите имаат бугарско потекло, додека од нив бугарско државјанство добиле 65.675 лица.

Министерката Ахладова ги соопшти ваквите податоци одговарајќи на прашањето на пратеникот Христо Гаџев, според кој „додека Македонците сакаат да извадат бугарско државјанство, во Северна Македонија се води недопустлива политика против Бугарија“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Видео) Тешка сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје

Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт

Пушењето како алиби за нефункционалната држава