Утрински Весник
Култура

Стрип изложба во Битола

Стрип изложба во Битола

Битола ќе биде домаќин на втората по ред изложба која е дел од проектот„ Стрип училиште – стрипот во интеркултурна едукативна мисија 2020“ .

Таа ќе се одржи денеска со почеток во 19 часот во хотел Епинал. Проектот е финансиран од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија и како основна цел има зацртано развој на Интеркултурноста како и деметрополизацијата на културата преку едукативни стрип активности наменети за млади од разни етнички и други средини.

Ќе бидат изложени дела на млади таленти од Велес, Скопје, Битола и Куманово.

Преку овој проект се остварува зголемување на бројот на млади таленти од разни етнички припадности, коишто и натаму ќе се бават со стрип како и афирмација на стрипот како алатка за обработка и решавање на разни теми од општествената сфера.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“