Утрински Весник
Македонија

(Видео) Oпштинските инспекциски служби отстраниja два нелегално изградени објекти во Општина Центар

(Видео) Oпштинските инспекциски служби отстраниja два нелегално изградени објекти во Општина Центар
Dik 300x250 mk

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес со механизација отстрани два нелегално изградени објекти на улицата „Водњанска“, односно една импровизирана градба и една дрвена барака.

Откако инвеститорите на двата објекти не постапија по решениjaтa издадени од Секторот за инспекциски работи, кои налагаат самите тие во законски предвиден рок од три дена самостојно да ги отстранат градбите, општинските служби пристапија кон присилно административно извршување, односно отстранување на градбите.

„ Ова е само почеток на акцијата на Општина Центар во борбата против нелегално изградените објекти на нејзина територија. Издадени се вкупно 18 решенија за отстранување на нелегално изградени објекти, за кои јавноста дополнително ќе биде известена“ велат од Општина Центар.

Општината и градоначалникот Саша Богдановиќ повторно упатуваат апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, како што предупредуваат, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопоственците на нелегално поставените објекти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Лекарска комора: Д-р Кузмановски мора да помине тримесечна обука и да полага испит за продолжување на лиценцата

Сообраќајна несреќа на патот Македонска Каменица – Делчево, сообраќајот во целосен прекин